Врховниот суд на Индија забрани религијата и кастите да се користат во изборни кампањи

Највисокото судско тело на Индија им забрани на политичките кандидати да ги засноваат своите кампањи на религија, каста или јазик, во револуционерна одлука која може да го промени начинот на кој функционира индиската политика.

Во брзата одлука, врховниот суд одлучи во понеделникот дека индискиот Устав дозволува слободно применување на одредена вера, но „забранува мешање на религиите и религиозните верувања во секуларна активност, како што се изборите“.

Отсега, изборен резултат постигнат со добивање на гласови на база на „политики на идентитет“ ќе се смета за корупција и резултатот нема да биде земен предвид, изјави судот.

Индиските гласачи, особено надвор од големите градови, е познато дека се организираат во „гласачки банки“, во религиозни, јазични блокови и касти. Тоа се поделби кои основачите на државата сметале дека се значајна компонента за менаџирање на моќта во таква измешана нација.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, припаѓа на експлицитно хиндуистичка партија. Други партии се составени исклучиво од индиски муслимани, или од припадници на социјално пониската каста Далит.