Времен сообраќаен режим за Водици

Поради чествувањето на христијанскиот празник Богојавление (Водици), во понеделник (19 јануари) во центарот на Скопје ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Кај мостот „Слобода“ (во близина на хотелот „Холидеј Ин“), во период од 10:30 до 13:30 часот, ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Филип Втори Македонски“ и тоа од крстосница со булевар „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „11 Октомври“ и улицата „Даме Груев“, соопштија од Градот Скопје.

Автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со број 16, 17А, 50, 57 и 59 ќе бидат пренасочени по булеварот „Кочо Рацин“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и во двете насоки. Во овој период корисниците на градскиот превоз ќе ги користат постојните автобуски стојалишта на претходно споменатите улици.

Од градот Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено воведениот режим.