„Време е за акција“: Anonimous ја собори интернет-страницата на босанскиот парламент

Интернет-страницата на Парламентот на Босна и Херцеговина повеќе од 12 часа е недостапна како резултат на хакерски напад. Според пишувањето на дел од босанските портали, одговорноста за нападот го презела групата Anonimous, која од Фејсбук-профил порачала дека ги поддржува протестите против недонесувањето на законот за единствен матичен број во државата. Хакерите порачале: „Дајте им на децата матичен број, ние ќе ви ја вратиме страницата“, наведувајќи дека таа ќе биде недостапна се додека не се донесе спорниот закон. Претходно, истата група ја соборила и веб-страницата на Министерството за внатрешни работи на БиХ.

Босанскиот парламент деновиве беше средиште на големи протести против недонесувањето на законот за доделување единствен матичен број. Пред два дена граѓаните се собраа на бдеење за починатото девојче Берина Хамидовиќ, која како и многу други бебиња, немала ЕМБГ, што го искомпликувало нејзиното лечење. Претходно, демонстрантите го блокираа Парламентот, а пратениците мораше да ги евакуира полицијата, но и тоа не беше доволен притисок за да се