Вратен во функција сајтот на МВР, откако објави листа на 35 физички и правни лица кои не се достапни за прекршочни решенија

Министерството за внатрешни работи на својата веб страна објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.

Станува збор за прекршочни пријави според Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

По кратко време, сајтот стана недостапен за граѓаните, но истиот беше вратен во функција.

„Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на кои согласно член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд“, се вели во известувањето на  веб страната на МВР.

Оттаму дополнуваат дека доколку лицата не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата.