Вработените во „Фејсбук“ ги напуштиле работните места како протест против објавите на Доналд Трамп

Голем дел од вработените во „Фејзбук“ исценираа виртуално напуштање на работните места во понеделникот, како протест кон одлуката на компанијата да не преземе никакви мерки против контроверзните објави на претседателот Доналд Трамп, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Виртуелното напуштање е резултат на одлуката на „Фејзбук“ да не преземе мерки против серијата минатонеделни објави на Трамп, вклучувајќи го постот со кој се заканува кон демострантите со зборовите „кога ќе започне провалувањето, ќе започне и пукањето“. „Твитер“ одлучи дека истата објава на нивната платформа ги нарушува „твитер“ правилата против поттикнување на насилство, со што се ограничи бројот на допаѓања, ретвитања и реплицирање на овој пост.

Според „Тајмс“, вработените во „Фејзбук“ земале колективен слободен ден за да ги поддржат протестите ширум САД така што преку автоматски пораки на електронската пошта оставиле известување дека не се на работните места бидејќи протестираат против неутралноста на компанијата.

Во текот на минатата година, Цукерберг им се спротистави на политичарите, изјавувајќи дека корисниците треба да имаат можност да ги проверат фактите напиштани во објавите и самостојно да одлучат дали ќе им веруваат.

Одлуката на Цукерберг да не ги провери фактите во објавите на на Трамп, се соочи со големо внатрешно спротивставување од вработените. Во петокот, Цукерберг преку блог пост зборуваше за ставот на вработените, иако компанијата „реши и понатаму да не го обележи постот бидејќи референцирањето на Националната војска значи дека постои предупредување за државно активирање, па компанијата сметала дека луѓето треба да знаат дека власта планира да ја активира војската“, напишал Цукерберг во објавата.

„Нашата политика околу поттикнувањето на насилство дозволува дискусија околу државното активирање на војската, иако сметам дека оваа ситуација отвара важни прашања околу потенцијалните ограничувања во оваа дискусија“, додал тој.

Во протечени пораки, вработените во „Фејсбук“ ја критикувале неутралната позиција на компанијата.

„Морам да признаам дека овие мешаници низ кои поминуваме се стресни. Сево ова води кон голем ризик од насилство и граѓански немири  и доколку не го надминеме овој предизвик, историјата нема да биде на наша страна“, напишал еден од вработените.

„Тажна сум и засрамена. Се надевам дека ова не беше финалната одлука и се надевам дека некој некаде дискутира како ова не е јасно поттикнување на насилство“, пишала друга вработена.

Додека се поголем број на вработени почнуваат јавно да ги критикуваат одлуките на „Фејсбук“ и Цукерберг компанијата за „CNN“ истакна дека сочувствува со болката на многу луѓе особено на афроамериканската заедница.

„Ги поттикнуваме вработените отворено да зборуваат доколку не се согласуваат со одлуките“, стои во соопштението на компанијата.

Извор: The Verge