Воскре Наумоска Илиева: Неопходен е третман за децата што употребуваат дроги

Осумгодишно момче што инјектира хероин и тригодишно дете кое инхалира лепак се само мал дел од случаите со кои изминатиот период, во текот на својата теренска работа се сретнале членовите на здружението ХОПС. Оттаму алармираат дека проблемот со децата кои употребуваат дроги мора да се сфати серозно и бараат институциите конечно да воведат програми за третман ресоцијализација и рехабилитација на овие деца.

Според Воскре Наумоска Илиева, програмска асистентка за застапување во ХОПС, употребата на дроги е сериозно раширена меѓу средношколците, со години никој не ги згрижува децата кои инхалираат лепак, а институциите потфлаат и во однос на третманот и во делот со превенцијата.

Од ХОПС минатата седмица почнаа и кампања со која укажуваат на сериозноста на проблемот со третманот на децата што употребуваат дроги во Македонија. Во продолжение слушнете го целиот разговор со Воскре Наумоска Илиева од ХОПС која беше денешна гостинка во Утринската програма на Радио МОФ.

[Morning @ MOF] HOPS Razgovor za deca sto upotrebuvaat droga by Radio Mof on Mixcloud