Вооружен напаѓач уби најмалку осум лица на универзитет во рускиот град Перм. Како што пренесоа светските медиуми, дел од студентите и професорите се засолниле внатре во универзитетската зграда, додека другите пак бегале од прозорците на Универзитетот.
Полицијата соопшти дека го ранила и привела напаѓачот, за кој се тврди дека е студент. За време на престрелката биле повредени повеќе од 20 луѓе затекнати во Универзитетот.
Очевидцы сообщают о стрельбе в Пермском государственном университете. Студенты покидают здание через окна. pic.twitter.com/TFDpTR0rGV
— РЕН ТВ | Новости (@rentvchannel) September 20, 2021
„Тие скокаа како од хорор, врескајќи“, изјави за Би-Би-Си, професор на Универзитетот кој ги опиша затекнатите студенти. „Еден од студентите ми кажа дека има напад. Слушнав пукотници, сите почнаа да бегаат во различни насоки. Отидов кај моите студенти и продолжив да ги слушам пукотниците додека останатите се затворија во училниците во обид да избегаат од напаѓачот”, додава професорот.
За новинската агенција Ројтерс, студентот Семион Каријакин изјавил: ,,Имаше околу 60 луѓе во училницата. Ја затворивме вратата и ја забарикадиравме со столици”.
Во објавата на социјалните мрежи, напаѓачот објавил дека бил обземен од омраза и имал намера да им наштети на другите.
„Долго размислував за ова, поминаа години и сфатив дека е дојдено време да го направам она за што сонував“, напиша тој.
Вооружениот напаѓач бил идентификуван како студент на универзитетот, според Истражниот комитет кој се занимава со истраги за големи злосторства.