„(Вон)земјанинот Ли” добитник на награда за најдобар документарен филм

Дипломскиот филм на Сашко Потер Мицевски, “(Вон)земјанинот Ли” ја доби наградата за најдобар документарен филм на Интернационалниот фестивал на студентски филмови во Белград. Фестивалот се одржа од 29 до 31 март во Домот на млади во Белград, а филм беше прикажан на отвoрањето на фестивалот.

Овој филм, досега беше прикажан на повеќе интернационални филмски фестивали, ширум светот, а исто така има освоено и награда за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот Delhii Shorts International во Индија во ноември 2014 година.

(Вон)земјанинот Ли” е краткометражна документарна приказна за штипската урбана легенда Мики Ли Трајчевски.

Следна дестинација на филмот е фестивалот SEE a Paris, кој ќе се одржи од 12 до 19 април во Париз, а во склоп на истиот фестивалот ќе се прикажува и во Берин кон средината на јуни.

Сашко Потер Мицевски, има дипломирано на катедрата по филмска и ТВ монтажа на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, во класа на проф. Димитар Грбевски и вон. проф Лазар Секуловски. Во моментов, тој, го дооформнува своето образование на магистерски студии на National Film and Television School во Англија и работи на својот следен документарен филм со наслов „Сите ќе умреме”.