Вонредна инспекција во Гинекологија Чаир – Црниот чад доаѓал од котелот за греење

Црниот чад кој викендов излегуваше од оџакот на Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир е поради дефект на дизните од котелот со кој се греат просториите и на водата во болница, соопштија од Инспекторат на Град Скоје.

Котелот е стар повеќе од 50 години, а според кажувањата на директорот на болницата дефектот е отстранет и оџакот повеќе не чади, посочуваат од Инспекторатот.

Инспекторите на Град Скопје денеска извршија вонреден инспекциски надзор во просториите на Специјалната болница. Болницата е задолжена да направи мерења на емисиите на издувните гасови од оџакот со акредитирана лабораторија за мерење.

По денешната инспекција, од Инспекторатот најавија дека ќе пратат барање за итна промена на овој котел и до Министерството за здравство и до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според градоначалникот на Скоје, Петре Шилегов, болницата ќе бида затворена доколку котелот и понатаму загадува.

„Не сакаме да предизвикаме криза, но, мора конечно секој да си ги заврши своите обврски. Тој котел загадува, веќе двапати е констатирано, а известување за тоа е дадено до директорот на болницата. Очекувам дека надлежните интервентно ќе реагираат по однос на овој проблем зашто во тој круг се раѓаат бебиња„, рече Шилегов.

Вкендов на социјалните мрежи се споделуваа слики и видеа од црниот чад кој излегуваше од болницата.

Чад во Чаир

Од оџакот на гинекологија во чаир излегува густ и црн чад кој ужасно мириса. Околните жители реагираат на лошата миризба која се шири и на дополнителното загадување на воздухот. Надлежните мора да дадат некое објаснување!

Posted by Скопје мора да дише on Sunday, 3 February 2019