Волонтерска акција за пошумување во Битола

Во недела, 17 ноември, ќе се одржи волонтерска акција за пошумување на ридот над битолската населба Баир.

Планирано е со почеток во 11 часот да се засадат најмалку 100 садници за зимзелени дрва – бор од волонтери од повеќе граѓански организации. Просторот на кој се планира да се реализира оваа акција е поранешната борова шума кај манастирот Кркардаш.

„Преку реализирањето на оваа акција очекувано е да се постигне делумно обновување на веќе загубените „бели дробови“ за Битола кои беа од исклучителна важност на локалното население и пошироко“, информираат организаторите.

Иницијативата е дел од проектот „Активни граѓани за добро владеење“ на Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје поддржан од Проектот за Граѓанско Учество на УСАИД.