Во пресрет на матурската прослава за школската 2016/2017 година, во повеќе македонски градови по вторпат се организира хуманитарна акција за помош на матурантите, кои доаѓаат од социјално ранливи категории.
За акцијата „Среќно матуранти“ која ја прави здружението „Проект среќа“ потребни се волонтери од Струмица, Гевгелија, Неготино, Велес, Берово, Делчево, Кочани, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Гостивар. Основач на здружението е македонската пејачка Кристина Арнаудова.
„За акцијата „Среќно матуранти“ која ќе ја прави моето здружение во моментов се потребни волонтери. Ќе се собира облека за матурантите на кои им треба, а не можат од различни причини да си дозволат. Сите оние кои сакаат да помогнат и да бидат волонтери, нека се пријават на страницата „Проект Среќа“, напиша на својата Фејсбук страница пејачката.