Волкер Турк: УНХЦР повикува да се зајакнат напорите за заштита на бегалците

Помошник Високиот комесар за заштита при УНХЦР, Волкер Турк за време на својата посета дводневна посета на земјава разовараше со високи владини функционери и гo посети транзитниот центар за бегалци и баратели на азил Винојуг, како и Прифатниот центар за странци Гази Баба.

Како што соопштија од УНХЦР, тој се сретна со владини претставници одговорни за најважните аспекти на одговорот на бегалската и мигрантската криза на државата и дискутираше за предизвиците поврзани со актуелната хуманитарна криза. Исто така, ја пофали земјата за скорешните измени на Законот за азил и привремена заштита и за обезбедувањето основна хуманитарна помош и заштита на повеќе од 720.000 бегалци откако започна кризата.

Помошник Високиот комесар Турк ја потенцира одговорноста на државите да им обезбедат заштита на сите лица на кои таа им е потребна.

„УНХЦР повикува да се зајакнат напорите за заштита на бегалците и барателите на азил, каде и да се во Европа, вклучувајќи и обезбедување на сигурен пристап до барање на азил, кое е основно човеково право, кое мора да се поддржува и почитува. Во исто време, УНХЦР продолжува да ја истакнува потребата за зголемени легални патишта кон Европа и пошироко, овозможувајќи бегалците и барателите на азил да најдат заштита на начин што е остварлив и сигурен, како на пример преку зајакнато преселување и хуманитарен прием, семејно обединување, приватни спонзорства и хуманитарни и студентски/работни визи,” смета Турк.