„Волја и пара“ – нов краток филм на младиот Ханис Багашов

Младиот тетовски автор, 13-годишниот Ханис Багашов го претставува своето ново остварување, краткиот филм „Will and Мoney“ (Волја и пара). Филмот е во конкуренција на училишниот фестивал на кратки филмови „Кинофест Алгоритам“, што го  организира приватната гимназија „Алгоритам“.  Покрај кратките филмови со кои се занимава во последните месеци, Ханис глуми и во театарски престави, а тој е и дел од екипата наи “ХМЦ-комеди” која снима хумористични скечови кои се прикажуваат на Јутјуб и на локалните телевизии во Тетово.