Воени хеликоптери во Швајцарија носат вода за жедни крави

Воени хеликоптери во Швајцарија почнаа да носат вонредни залихи вода за сточари во планински предели каде илјадници крави страдаат од жед поради недостиг од вода.

Големи црвени пластични контејнери висеа под хеликоптерите „Super Puma“, носејќи вода до фармите во планините Јура и подножјето на Алпите.

Локалните власти информираа дека околу 40.000 крави паселе летото на високи пасишта во кантонот Вауд во западна Швајцарија, а секоја имала потреба за 150 литри вода дневно.

Два големи басени се полнат со вода за да можат фармерите кои имаат земјиште пристапно со пат да ги полнат своите резервоари.

Откако операцијата беше објавена минатиот петок, неколку десетици земјоделци преку специјална телефонска линија побарале помош од хеликоптерите.