Водно претставено низ хибридна инсталација „Медиум пукнатина“ на Ивана Мирчевска

Под авторство на Ивана Мирчевска, на 17 декември (петок) од 19 часот во Галерија КО-РА ќе биде отворена изложбата „Медиум пукнатина: Алтернативен сет на потпори за искачување“, хибридна инсталација составена од видео записи, физички објекти, 3Д креирани средини и звучни пејсажи.

Изложбата ќе трае до 22 декември, во периодот од 10 до 19 часот.

Соработници се Маја Цибрева (анимација и 3Д моделирање), Амир Карахасан (графички дизајн и изведба на скулптурални објекти), Jован Близнаковски АКА Ишџан Твин (звук и документирање на звучни пејзажи), Владо Данилов (архитектнотнско планирање) и Наташа Неделкова (истражување).

„Што ќе се случи кога ќе го напуштиме лепливиот проблем на нашата човечката исклучителност и стегите на нашиот индивидуализам? Како можеме да пројдеме преку сопствената устоличеност во дуализмот на природата и културата и да создадеме простор за повеќевидни битија и битисувања? Каков тип на хибриден пејзаж може да не опкружи нас луѓето и не-луѓето во нова симбиоза и заедништво?“, се вели во најавата за изложбата.

Инспирирана од географските и интимните координати во кои се наоѓа, „Медиум пукнатина: Алтернативен сет на потпори за искачување“ е хибридна инсталација која гледа на Водно и неговата околина како жив организам составен од страни слики, мисли и звуци.

„Преку инсталацијата, го замислуваме Водно како простор чијшто облик и време се мешавина од различни битија, површини и процеси испреплетени во релации и значења прекршени како ризоми. Во пресрет на постојаното нагризување на планината и интернализирање на нејзината материја во корист на економска ефикасност и урбано проширување – трагаме по ново и имагинативно разбирање на телесениот, тактилилниот и значајниот однос преку кој контурите на пејзажот, неговите жители и нашите тела се во постојано взаемно трансформирање и постанувње. Во овој простор, моето друштво и јас, копаме странични тунели во постоечките пукнатини. Наоѓаме временски капсули, фрагменти од распаднати пејзажи, изведувачки простори на хибридни ритуали и разни агрегатни состојби на мемориии. Со емпатија ги лепиме нишките на материјалните и семиотските релации во кои се остваруваме. Сообразуваме видео записи, скулптури, 3Д симуирани простори и звучни пејзажи, во кои домуваме заедно со пријатели, хтонски сожители и мноштво други, дисперзирани низ просторот. Поменуваме низ промена, креирајќи нови просторно-временски соработки и засолништа за повеќе од нас самите“, стои во најавата.

Изложбата е дел од проектот „Медиум Пукнатина“, истражувачки и уметнички проект на Ивана Мирчевска, поддржан од Министерството за култура.

Инаку, Ивана Мирчевска (1992, Скопје) е визуелна уметница чијашто пракса е вкоренета во медиумите засновани на време, визуелната антропологија, студии на меморија и сликарството. Нејзините истражувачки интереси произлегуваат од спојот помеѓу технологиите на гледање, просторната конфигурација на погледот и телото. Своите додипломски студии ги завршува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а своите магистерски студии ги звршува на Акдемијата за ликовни уметности Брера, Милано, Италија.

Ивана Мирчевска е автор на книгата „At an angle of 45 degrees”, издадена во соработка со Студио Приватен Принт и Prince Clause Fund (2021).

Таа има изложувано на Supernova Regeneration (2021), Денвер, Колорадо, САД (2021); Биеналето на млади уметници, МСУ, Скопје (2021); Dislocations, Scottish Graduate School for the Arts & Humanities Summer School, Глазгов, Шкотска (2021); Биенале на млади уметници, УЛУС, Белград, Србија (2021); Ничии прагови конкретно, МКЦ, Скопје (2020); Čvorište efemernog, Galerija МК, Загреб, Хрватска (2020); The Voids- Culture Hub Croatia, Сплит, Хрватска (2020); Fuori Visioni 6, Пјаченца, Италија (2020). Нејзиниот видео-истражувачки проект She e презентиран и изложен на PHROOM, Милано, Италија (2019); the Utopic Method, International exhibition for Video narration во Гранада, Шпанија (2019) и ‘Zapping the archive’ Odesa Photo Days Festival 2020, Ukraine.