Водич за студентски активизам – ориентациски час на ПМФ

Младински образовен форум и Фондацијата за демократија на Вестминистер организираат студентски ориентациски час во студентски активизам, кој ќе се одржи на 25 февруари 2020 година (вторник), во 12:00 часот, на Природно-математичкиот факултет – Скопје. Предавачи на ова предавање ќе бидат Теодора Столевска и Борјан Ефтимов.

Студентските ориентациски часови во студентски активизам имаат за цел да ги информираат студентите за нивните права и обврски, начините на кои тие можат да ги остварат своите права и интереси, начините на кои можат да се организираат и учествуваат во работата на Факултетот, како и за механизмите преку кои можат да се заштитат доколку дојде до прекршување на нивните права. Истите се отворени за студентите од сите студиски години.

Студентските ориентациски часови се организираат во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминситер. Факултетското студентско собрание е партнер при организацијата на настанот.