Водата од чешмите на Водно е загадена и забранета за користење

Агенцијата за храна и ветеринарство изготви анализа и донесе решение за забрана за употреба на водата за пиење од четири чешми на Водно:

Јавна чешма – Жичара – Средно Водно; Јавна чешма – преливна цевка – Средно Водно; Јавна чешма – под Свети Јован – Капиштец и чешма – двор – шумска куќа – Средно Водно.

Водата од чешмите на Водно е загадена и забранета за користење

Во водата, по лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност е констатирано дека не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформни бактерии и поради наод на Ешерихија коли. Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата. Општина Центар напоменува дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП „Водовод“.