„Водам секојдневна борба со себе и околината, но не се откажувам“ – говорот на Ема Ананиевска на ораторските вечери на ФОН

„На училиште, луѓето се чудеа дека сум била запишана во нормално училиште. Што сакаа да кажат со тоа „нормално“? Се запишав на музичко, почнав да свирам пијано. Го засакав. Едвај чекав да одам на час и кога ќе се вратам да ѝ отсвирам нешто ново на сестра ми. Некои работи ми станаа појасни. Па, што ако не возам кола? Јас ќе свирам клавир, тоа никој друг не го знае“.

Ова е дел од говорот на Ема Ананиевска, студентка во четврта година на Факултетот за музичка уметност, отсек пијано, со кој го освои третото место на овогодинешните ораторски вечери организирани од ФОН Универзитет.

Во продолжение, Радио МОФ интегрално го пренесува нејзиниот говор.