[Во Живо] Учениците на марш против климатските промени во Брисел

Ученици во Белгија денеска повторно излегоа на протест против климатските промени на улиците во Брисел.

Ова е шеста недела по ред како учениците маршираат низ улиците во Белгија. Минатата недела 35.000 белгиски ученици отсуствуваа од училиште за да ги повикаат властите да преземат акција против глобалното затоплување. Движењето на ученици, кое се одржува во 270 градови низ светот, се подготвува за глобалниот ден на акција следниот месец.

Една од ученичките кои демонстрираат, Мариал Леонидакис, за Еуроњуз изјавила дека бараат дијалог за конечно да се овозможат активности.

„Создавање на свест, која ни е потребна за граѓаните да сфатат дека можат да направат промена“, изјавила таа.