[ВО ЖИВО] Прес конференција на невладините организации за клеветите на „Стоп операција Сорос“

Претставници на невладиниот сектор и на повеќе граѓански организации одржуваат прес-конференција на која како што соопштија дека ќе ги објаснат клетвите, лагите и обвинувањата упатени кон нив од претставници на „Стоп операција Сорос”.

Организациите вчера испратија деманти и побараа извинување од Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и од Никола Србов, кои на прес-конференција во саботата ги обвинија дека „работеле против државните и демократските интереси на Македонија, преку обиди за влијаење на предвремените парламентарни избори“.

На прес-конференцијата ќе се обратат Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис), Сања Богатиновска (ЏЕФ Македонија), Ленче Христова (Организација на жени Струмица) и Славица Инџевска Фондација (Отворено општество Македонија).