Во ЖИВО: Конференција за практики и иновативни модели за поголема младинска вработеност

Во тек е конференцијата „EYECON Empowering Youth for Employment Conference”, организирана од Националниот младински совет на Македонија. Таа е посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.

Конференцијата започна во 10 часот, а ќе трае до 15 часот. На неа учествуваат Чарлс Гарет, Амбасадор на Обединетот кралство во Република Македонија, претставници на Агенцијата за вработување на Република Македонија и претставници на Европскиот младински форум и на националните младински совети на повеќе европски држави.

Конференцијата е дел од активностите на проектот „Со работни вештини до можности за младите “, спроведуван од НМСМ, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Конференцијата може да ја проследите преку видеопреносот на Радио МОФ.