Во Загреб по 12-ти пат се одржува „Парадата на гордоста“

Во Загреб по 12-ти пат се одржува „Парадата на гордоста“Во име на сите семејства по улиците на Загреб денеска по 12-ти пат ќе се оддржи парадата на гордоста. Парадата под боите на виножото започнува во 14 часот на плоштадот на жртвите од фашизмот.

„Ова е земја на сите нас – и на трансексуалците и на бисексуалците, на хомосексуалците, на лезбејките, на традиционалните семејства и на оние кои тоа не се“, вели еден од организаторите на парадата, Марко Јурчиќ.

Организаторите од владата бараат до крајот на годината да донесе закон за животно партнерство. „Пораката е: Остануваме, не се откажуваме. Ќе се залагаме и ќе се бориме за еднаквост на сите луѓе, кои веруваат дека во ова земја секој има еднакви права и можности за реализиција на својата среќа и благосостојба, заштитени од политичките иницијативи за поделба на хрватските граѓани“, вели Јурчиќ, пренесува Index.hr

Маршот започнува од Плоштадот на жртвите од фашизмот, преку главните улици на Загреб, а централна прослава е на Зрињевац, каде ќе бидат доделени награди за хомофрендови и хомофоби, како и ЛГБТ лице на годината.