Во Загреб отворено првото кафуле со бесплатна зона за читање

Од изминатиот четврток, гостите на загрепското кафуле Велвет ќе можат да читаат книги на голем број светски јазици, без за тоа да плаќаат.

Велвет, кафуле лоцирано на улица Дезманова во Загреб, стана првата бесплатна зона за читање во Хрватска, но и во светот. Посетителите можат да се логираат во виртуелна библиотека, која содржи повеќе од 100000 книги на голем број јазици, меѓу кои и англиски, француски, шпански, италијански, германски и хрватски.

Секакви видови на книги, од романи, до готвачи, патеписи, поезија или спортски енциклопедии се достапни во библиотеката. Вработените во кафулето на сите посетители им обезбедуваат код за пристап, кој се користи за логирање. Гостите треба само да ја инсталираат апликацијата за читање, преку било кој iOS или Android паметен телефот или таблет.

Литературата е снабдена од Total Boox, каде е-книгите можат да се најдат бесплатно, без ограничувања и реклами.