Во вториот уписен рок има место за 17.800 средношколци

Во вториот уписен рок има место за 17.800 средношколци Слободни места за запишување на ученици за вториот уписен рок има во средните училишта во сите општини во Македонија.

Вкупно има 17.794 слободни места за учениците од кои 11 430 слободни места за настава на македонски наставен јазик, 5.556 слободни места за настава на албански наставен јазик, 747 слободни места за настава на турски наставен јазик, 33 слободни места на српски наставен јазик и 28 слободни места за повторувачи.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок во средно образование ќе се врши на 22 август, а резултатите од запишувањето ќе се објават на 23 август, пренесува Плус инфо.