Во Врање се собира помош за животните во Македонија

По неодамнешните поплави во Скопје и околината, Здружението за заштита на животните „Најдобар пријател” од Врање започна со собирање помош за животните во погодените области.

Роза Дрмоњиќ од Здружението вели дека Врање и здруженијата низ цела Србија не треба да заборават на хуманоста на љубителите на животни од Македонија кои во неколку наврати испратиле помош во Врање, од каде што била дистрибуирана низ цела Србија, за време на поплавите од 2014 година.

„Секоја помош е добредојдена. Ние сме во постојана координација со пријателите од Македонија, кои ќе ја дистрибуираат собраната помош на терен“ вели Дрмониќ.

Таа нагласи дека покрај храна, сега најпотребни се препарати против болви и крлежи, како и медицински шампони.

И Миќа Младеновиќ, претседател на Кинолошкиот сојуз од Врање, потсети дека имаат одлична соработка со македонскиот кинолошки сојуз и дека тие покажале голема хуманост за време на поплавите во Србија.

„Ние ќе обезбедиме максимална помош за врањската асоцијација во собирање и дистрибуција на помошта – вели Младеновиќ.

Сите здруженија или поединци во Србија може да испратат помош на адресата на Здружението во Врање, на улица „Филип Филиповиќ“ бб, 17000 Врање, а за сите дополнителни информации околу собирањето на помошта може да дознаат на телефон 0603502501, или на Фејсбук страницата на Здружението.

Организаторите на настанот апелираат што побрзо да се собира помошта, за да се достави на време.