Во Виена се гради нов парк на секои 18 дена

Градот со најдобар квалитет на живот оваа година беше прогласен и за „најзелен град“ на светот. Виена како милионска метропола има повеќе од илјада паркови, 500.000 дрвја, како и безброј зелени површини во градското подрачје, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Во последните десет години се преуредени или новоизградени 204 паркови со површина од 65 хектари. Во борбата против климатските промени и топлината во градот од централно значење се бројните зелени површини.

„Поради оваа причина, со години проширувавме зелени површини во Виена, така што сега има над илјада паркови на располагање“, објаснвуа Ули Сама, членка на градската канцеларија за заштита на животната средина во Виена.

„Само во последните десет години, по обемниот редизајн, 204 паркови се новоизградени или повторно отворени. Тоа е нов парк на секои 18 дена“, вели Сима.

Во Виена во наредните години се планира да се преуредат уште околу 137.000 квадратни метри паркови и зелени површини.

Еден од редизајнираните паркови станува првиот парк за разладување во градот кој е насловен „Естерхазипарк“. Меѓудругото, средиштето на паркот ќе биде збогатено со тушеви со водена магла и растенија. Покрај тоа, дел од асфалтната површина и бетонот ќе биде отстранета за да се засадат нови дрвја, цвеќиња и тревници. Благодарение на инсталацијата за ладење, температурата на околината ќе може да се спушти за шест степени.