Во Велес почнува Државниот натпревар на непрофесионален филм 2015

Во организација на Кино сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“,  вечерва во Велес започнува 44-тиот Државен натпревар на непрофесионален филм 2015.

За учество се пријавени 44 дела во пет категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм. Настанот се одржува во новиот велешки театар. Вечерва од 19 часот ќе може да се погледнат селектираните филмови во официјалната проекција според следниот редослед:

1. Вујче – Перо Кованцалиев
2. Удри го – Панче Пренџов
3. Тие три збора – Тина Виторовиќ, Душица Симовска
4. Ранливи – Леон Ристов
5. Никој не заслужува да биде повреден – Ѓунај Јусуфоски, Селма Сулејманоска
6. Облеката не го прави човекот – Ѓунај Јусуфоски, Стефани Крстеска
7. Кројачи – Тамара Котевска
8. Ова е мојот живот – Мојот живот – Наталија Стојаноска
9. Правецот – Батухан Ибрахим
10. Грашок – Ана Андонова
11. Не молчи – Елена Јанкулоска, Христина Митаноска, Бојан Петрески
12. Битола 1900 – 2007 – Наде Геневска Брачиќ
13. Едерлези – Наим Алили
14. Разбуди се – Александар Блажевски
15. Филмски етиди (втор дел) – Стефан Сидовски
16. Коса – Драги Неделчевски
17. Време е за спиење – Јаков Огненовски
18. Слепа – Ханис Багашов
19. Свадба.док – Александар Андоноски

На вториот ден од фестивалот ќе се прикажат шест непрофесионални филмови снимани во Франција. Станува збор за кратки филмови кои траат од една до 14 минути. Филмовите ќе може да видат по следниот редослед:

1. Schizozo / 1′ / Ciné-club Velaux
Едноминутен филм на членовите од видео клубот на малото гратче Вело (Velaux), кое се наоѓа на југот на Франција.

2. Minoucosmos / 8′ / Alain Boyer
Интересен филм за се она што може да се најде во нашиот двор. Компарации, звуци, детаљи, и сето тоа во животинскиот свет во нашата градина. Филмот е на авторот Алан Боер (Alain Boyer), кој е и претседател на Медитеранската унија за кино и видео (Union Mediterranéenne de Cinéma et Vidéo).

3. Persécution / 12′ / UAICF Sète
Одлично изработен трилер на видео клубот UAICF, од градот Сет (Sète). Автор на филмот е Реми Арше (Rémi Archet) и истиот има добиено многу награди, вклучувајќи и златен медал на фестивалот на UNICA.

4. Jean Photographe / 13′ / Alain Berizzi
Документарен филм за традиционалните трки со бикови во јужните француски градови. Филмот исто така говори за старата традиција за избор на кралицата на градот Арл (La Reine d’Arles). Авторот Алан Берици (Alain Berizzi) е добро познат по своите документарни филмови за јужните француски традиции.

5. Homo Urbanus / 1′ / Daniel Caracci
Човек кој низ урбаните улици трага по извесна цел. Едноминутен филм од францускиот автор Даниел Карачи (Daniel Caracci).

6. Papy / 14′ / Daniel Caracci
Прифаќањето или неприфаќањето на другите луѓе во денешното модерно француско општество. Филмот со краток наслов „Дедо“ го прикажува односот помеѓу различните заедници во Франција, преку една многу убава детска приказна.

Жири комисијата во состав: Илинденка Петрушева, Јордан Витанов и Миле Петковски ќе одлучува за најдобрите во сите категории, а ќе се додели и „Гран при“ на фестивалот и златни плакети.