Во Турција приведена новинарка на ББЦ која известувала за несреќа во рудник

Турските власти ја привеле новинарката на ББЦ сервисот на турски јазик, Хатиџе Камер додека известувала за несреќа во рудник во кој загинале 10 луѓе во доминантно курдскиот регион Сирт, пренесува Гардијан.

Во соопштението на турскиот сервис на ББЦ се вели дека Камер се обидувала да разговара со роднините на загинатите рудари, кој се срушил на 17-ти ноември. Спасувачката акција уште трае во потрага по шест луѓе кои се водат како исчезнати.

Турските власти не дале никакво објаснување која била причината за приведувањето, пишува во соопштението.

Повеќе новинари беа притворени во Турција откако на сила стапи вонредната состојба во земјата по неуспешниот воен удар на 15-ти јули.