Во Тетово, Кичево и Кавадарци денеска се дише најзагаден воздух

Граѓаните на Тетово, Кичево и Кавадарци денеска ќе дишат најзагаден воздух со PM10 честички, покажуваат мерните станици чии резултати се објавени на сајтот на Министерството за животна средина. Според податоците добиени во 10 часот, од скопските општини високо ниво на овие честички е забележан и во воздухот во Лисиче и Ректорат.

Висока количина на честичките во воздухот е забележана и во Велес, како и во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Миладиновци.

Синоќа во Македонија беа измерени минимални температури до -19 степени. Најстудено било во Тетово, а најтопло во Гевгелија.