Во тек се номинациите за Наградата за младинско учество

УСАИД ги отвори номинациите за годинашната Награда за младинско учество која се доделува на индивидуална млада личност која била активна во својата заедница или се занимавала со тема од јавен интерес, или неформална група или формална организација која ги поттикнува младите да бидат граѓански ангажирани или активни во својата заедница.

Номинациите може да поднесат пoединци, институции, организации, медиуми, бизниси или членови на заедницата.

Организаторите доделуваат најмногу шест вакви награди на успешни млади мажи и жени (од 18 до 29 години), неформални младински групи (составени од најмалку три члена) и младински граѓански организации кои покажале примерна заложба за подобрување на животот на нивната заедница или општо на општеството со преземање активности што се однесуваат на прашања од јавен интерес од кое било ниво во Северна Македонија.

Наградата ќе се однесува за активности кои номинираните ги презеле во периодот јануари 2019 година до јуни 2020 година.

Номинирањето се одвива на следниот ЛИНК најдоцна до 20 јули, додека целиот повик е достапен на овој ЛИНК.