Во тек е пријавување за „Game:ОN“ на ФИНКИ

На 18 и 19 мај во бараките на ФИНКИ ќе се одржува мини турнирот „Game:ОN“.

Турнирот ќе се состои од тимски (5v5) натпреварувања во игрите DOTA и CS:GO и индивидуални (1v1) натпреварувања во игрите FIFA, TEKKEN и HEARTHSTONE.

Целта на овој мал настан е преку дружење да ги зближи студентите, да ги одмори и релаксира пред претстојните колоквиуми и испити и секако симболично да ги награди најдобрите.

Бројот на учесници е ограничен:
-по 32 натпреварувачи за FIFA/Tekken/HS
-по 6 тима за DOTA/CS:GO

Во вторите термини во недела (19.05) ќе се играат финалните натпревари и ќе се доделуваат наградите. Турнирот е отворен за сите посетители.

Начин на играње:
– FIFA и Tekken – на конзоли (обезбедени од организаторот)
– Hearthstone – ваш уред (телефон, таблет или лаптоп)
– DOTA и CS:GO – ваш уред (лаптоп)

Котизација за пријавување е 100 денари/играч.

Плаќањето ќе се одвива во канцеларијата на СПФИНКИ oд среда до петок (15-17.05), од 9 до 12 часот.

Повикот за учество е отворен до 15 мај на следниот ЛИНК.

Повеќе информации за пријавувањето и настанот на следниот ЛИНК.