Во тек е повик за номинации за Наградата за младинско учество

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објави повик за Наградата за младинско учество, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

НМСМ ја доделува наградата на млади индивидуалци, неформални групи на млади и младински организации кои дале придонес кон општеството преку активно граѓанскo учество. За оваа награда, нивните активности треба да се реализирани од јануари 2020 година до март 2021.

„Наградата за младинско учество ќе препознае иницијативи од млади мажи и жени, неформални младински групи и младински граѓански организации / сојузи на граѓански организации кои покажале: јасна визија за подобрувања на заедницата, регионално или национално ниво што се системски и одржливи во решавањето на општествен приоритет и / или грижа за заедницата; исклучителна креативност, иновација и лидерство во дефинирање и решавање на прашања од јавен интерес; и донеле опипливи резултати во подобрувањето на благосостојбата на заедницата или општеството заради постапките на номинираниот“, стои во повикот.

Оваа година се доделуваат 6 награди во индивидуалната категорија, категоријата за неформални групи на млади, и категоријата за младински организации и мрежи од младински организации.

Номинирањето е отворено до 5 април, а повеќе детали може да се прочитаат на следниот ЛИНК.