Во светот недостасуваат шест милиони медицински сестри, вели СЗО

Светската здравствена организација предупреди дека на светот му требаат скоро 6 милиони медицински сестри.

Здравствената агенција на Соединетите Американски Држави заедно со Меѓународниот совет на медицински сестри објавија извештај во кој ја истакнаа клучната улога на медицинските сестри, кои сочинуваат повеќе од половина од сите здравствени работници ширум светот.

„Медицинските сестри се ‘рбетниот столб на кој било здравствен систем“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус.

„Денес, многу медицински сестри се наоѓаат на првата линија во битката против Ковид-19“, истакна тој, додавајќи дека е од витално значење тие „да ја добијат поддршката што им е потребна за да го одржат светот здрав“.

https://www.instagram.com/p/B-rICRPHG8L/

Во извештајот се вели дека има нешто помалку од 28 милиони медицински сестри на планетата.

За пет години до 2018 година, бројот пораснал за 4,7 милиони. Сепак, постои глобален недостаток од 5,9 милиони, посочи СЗО.

Најголем недостаток се забележува во посиромашните земји во Африка, југоисточна Азија, Блискиот исток и делови од Јужна Америка.

Во извештајот се повикуваат земјите да ги идентификуваат недостатоците и да инвестираат во медицинско образование, работни места и лидерство.

Главниот извршен директор на Меѓународниот совет на медицински сестри, Хауард Катон, изјави дека стапките на инфекција, грешки во лековите и стапката на смртност „се повисоки каде има премалку медицински сестри“.

Покрај тоа, „недостигот ја исцрпува нашата сегашна медицинска работна сила“, додаде тој.

Во борбата против пандемијата, Мери Воткинс, која беше ко-креатор на ивештајот, повика на итна инвестиција во вирусни тестови за здравствените работници.

„Имаме многу висок процент на здравствени работници кои нема да работат, затоа што тие се плашат дека се заразени и не можат да докажат дека не ја зафатиле инфекцијата – или дека ја имале, па ја прележале“, рече таа.

Катон посочи дека 23 медицински сестри починале во Италија, а 100 здравствени работници починале низ целиот свет.

Тој, исто така, наведе извештаи за „целосно неприфатливи и осудени“ напади врз здравствените работници кои се борат со Ковид-19, главно заради незнаење за нивната работа, во комбинација со земји што не прават доволно за да ги заштитат.

Но, настрана од Ковид-19, Воткинс рече дека многу побогати земји не произведуваат доволно медицински сестри за да ги задоволат своите потреби за здравствени потреби, и затоа се потпираат на миграцијата, што ги влошува недостатоците во посиромашните земји.

„Осумдесет проценти од медицинските сестри во светот, во моментов служат само 50 проценти од светската популација“, истакна таа.

Катон предупреди на ризикот дека побогатите земји ќе се потпираат на Филипините и Индија за да го „снабдат светот со медицински сестри“, што може да доведе до значителни недостатоци во Индија.

Експертите велат дека професијата медицинска сестра и понатаму е доминирана од жени и е потребно да регрутира повеќе мажи.

„Постојат јасни докази дека таму каде што има повеќе мажи во која било професија во светот, платата и условите се подобруваат“, рече Воткинс.