Стружани утре од 11 часот продолжуваат со протестите за решавање на проблемот со дивата струшка депонија.
Од граѓанската иницијатива „Доста“ потенцираат дека овој пат протестот ќе биде на кружниот тек од магистралниот пат на влезот од Струга.
„Кружниот тек овој пат ќе го блокираме во времетраење од 30 минути“, велат од иницијативата.
Инаку, стружани протестираа и завчера, при што побараа итен ангажман од локалната самоуправа за целосно гасење на депонијата надворешно и внатрешно, а Владата да закаже вонредна седница на која ќе дискутира за проблемот на стружани. Од иницијативата потоа се сретнаа и со новиот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски, од кого им било ветено дека Владата уште на почетокот на наредна недела ќе превземе конкретни активности за решавање на проблемот.