Во Струга се одржа панел-дискусија за економската и политичка вклученост на младите

Во организација на „Порака нова“ и „Млади инфо“, денеска во Струга се одржува панел-дискусија „Предизвици и патокази за социјална, економска и политичка вклученост на младите во Македонија“.

Поголема вклученост на младите во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво се едни од клучните цели на регионалниот проект „Средиште на младински банки на Западен Балкан и Турција“, кој ќе се одвива во Србија, Албанија, Македонија и во Турција.

„Она што е заедничко за овие земји, покрај кандидатскиот статус за членство во ЕУ, се ниската младинска вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво, како и во креирањето јавни политики, што во мал процент ја поттикнуваат младинската инклузија во рамките на едно општество. Акцентот ќе биде ставен на социјалната, економската и на политичката младинска инклузија, а ќе се разговара и за националните приоритети и за идните чекори што треба да се преземат“, рекоа организаторите на настанот.