Во среда (4 декември) среда стартува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“.
Годинава, поради необично топлото време за овој период од годината, отворањето беше одложено, соопштија од центарот.
„ Од 4 декември, љубителите на зимските спортови и рекреативното лизгање конечно ќе може да се забавуваат во своето омилено зимско катче. Вистинскиот мраз, направен по светски стандарди, како и условите кои ги пружа лизгалиштето се идеални за и оваа зима посетителите да уживаат во хокеј, уметничко и рекреативно лизгање“, велат од СЦ „Борис Трајковски“.