Речиси половина од младите во Србија од 15 до 24 години се без работа, а во оваа популација, 25,1 отсто од нив, освен што се невработени, не го продолжуваат ниту школувањето, ниту се на некоја обука, изјави денеска помошникот министер за млади и спорт Снежана Клашња.
Клашња на форумот „Кариера по мерка на младите“, порача дека просекот во ЕУ на млади кои не го продолжиле школувањето, ниту се на некоја обука, а се невработени, е 13 отсто.
– Еден од основните проблеми на младите сигурно е невработеноста, а во Србија тие се 49,7 отсто. Во ЕУ невработени се околу 23 отсто од млади на возраст од 15 до 24 години, рече таа.
Таа порача дека кариерното водење на младите и советувањето е од исклучително значење, и дека Министерството за млади и спорт низ бројни проекти со разни организации, се обидува да ги зајакне механизмите за кариерно водење на младите.