Во Србија ја фрлил дипломата, во Чикаго веднаш се вработил

Не се каам што се одреков од една диплома, тоа го направив поради себе и своите другари, се обидов со се, но немаше работа и морав да си заминам од земјата. Ова се зборовите на 26-годишниот Бранимир Ѓуриќ од Ниш, кој инаку дипломирал на Факултетот за туризам во Србија и има магистратура по географија. Српската јавност го памети по гестот кога се одрекува од факултетската диплома преку весник поради партиските вработувања во Србија.

Во Србија ја фрлил дипломата, во Чикаго веднаш се вработил

Бранимир, пишува српски Блиц, сега живее во Чикаго, работи во транспортна компанија на свој другар и држи часови по географија на српските деца во едно училиште. Вели дека воопшто не жали што се одрекол од дипломата, бидејќи ако не го сторел тоа, нема да почнел да ги остварува своите соништа.

„Кога сум тажен, само помислувам на тоа дека на луѓето во мојата земја јас не им бев потребен и лесно ме пуштија да си одам, како што се вели и во песната на белградсккиот синдикат – Јас морав да си одам, таков никому не му бев потребен“, вели Ѓуриќ.

Младиот „нишлија“ кој својот роден град го напуштил пред неколку месеци вели дека во Чикаго се чувствува како дома, дека има многу Срби кои читале за него и кои му нудат работа и помош. Планира да ја нострифицира магистратурата по географија и да се запише на училиште за пилоти, но би сакал да се занимава со својата примарна професија и да биде професор по географија.

„Овде ништо не е невозможно, се што ќе посакаш може да ти се исполни , само треба напорно да работиш, да бидеш одговорен, упорен и тоа е тоа“, вели тој.

Како што објаснува, неговите врсници Американци возат скапи автомбили, работат, заработуваат и според него водат безгрижен живот за разлика од младите во Србија.

За да најде работа во Србија Бранимир чекал една година, но вели дека ситуацијата е таква што по струка нема да успеел да најде работа и покрај двете факултетски дипломи. На разговор беше повикан и од сега поранешниот министер Милан Бачевиќ, но таа средба не се одржа.

Извор: Блиц