Во Словенија усвоен закон за затворање на продавниците во неделите и празниците

Државното Собрание во Словенија го усвои новиот закон според кој продавниците ќе бидат затворени во недела и за празници. Со законот не се регулирани малите продавнички во близина на аеродромите, болниците и бензинските станици, како и останатите мали продавници кои работат по принципот на самопослужување или во кои волонтираат пензионери и студенти.

Амандманите за овој закон кои беа предложени од опозициската „Левица“ се усвоија со 72 гласа „ЗА“ наспроти 13 гласа „ПРОТИВ“ со двопартиска поддршка.

„Во овој сектор вработени се преку 150,000 лица, а дел од нив мораат да работат и во недела, што значи дека не можат да го поминат денот со нивните најблиски“, истакнал Лука Месец од левичарската партија при презентирањето на законот.

Воведувањето на законот следува откако владата усвои моментална забрана за купување во недела како дел од мерките против ширењето на коронавирусот.

Амандманите ќе стапат на сила петнаесет дена по нивното објавуваање во службен весник.

Според новиот закон, словенечките продавници нема да работат во недела, освен малите продавници до 200 метри квадратни, во близина на границите, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и болниците. Останатите продавници до оваа големина ќе може да работат во недела и државни празници само ако во тие денови муштериите се услужени од сопствениците или нивни претставници, студенти или пензионери.

Во 2003 година, над 57% од граѓаните на референдум гласале за затворање на продавниците во недела.

Властите не го поддржуваат новиот закон, а од Министерството за економија нагласуваат дека продажниот сектор е стратешки сектор за словенечката економија и изразуваат загриженост за влијанието на законот врз работните места, увозителите и туристичките центри.

Наспроти законот, од владата велат дека потребно е решение достигнато преку дијалог на работодавачите и Синдикатот на работници. Моментално валидниот аргумент во преговори, предлага повеќето од продавниците да бидат затворени на сите државни празници и го ограничува работењето во неделите на 12 пати во годината.

Стопанската комора се противи на забраната, тврдејќи дека затворањето на продавниците во недела би довело до отпуштања. Исто така, оттаму е покрената можноста дека за оспорување на новиот закон пред Уставниот суд.