Во скопската Зоолошка градина се роди Бамби

Пред два дена во Зоолошката градина во Скопје се роди срнчето Бамби.

„Ни се роди бебе ❤ Малото преслатко Бамби е старо само неколку дена, а освен мајката за него се грижат и другите срни во групата. Да ни е живо и здраво“!, информираа одговорните лица од зоолошката.

Повеќе информации за животните и за нивните „активности“ може да се најдат на официјалната Фејсбук страница на зоолошката.