Во скопската железарница ќе се гради нов објект од тешката и загадувачка индустрија?

Без никакви најави и подетална дебата во јавноста, скопската општина Гази Баба го објави огласот за давање под долготраен закуп на 99 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија што се наоѓа во склоп на скопската железарница, пишува Build.mk.

Станува збор за огласена парцела со површина од 66.996 метри квадратни и со предвидена површина за градење од 46.897 метри квадратни. На парцелата 1.6 ќе се гради објект од тешката и загадувачка индустрија со максимална развиена површина од 70.346 метри квадратни, којшто ќе има компатибилни класи на намена Д1, Д2, Б4, В2, Г2, Г3 и Г4 до 49% од вкупната површина на идниот објект.

Во огласот објавен од општинските власти на ниту едно место не се напоменува кои еколошки критериуми треба да ги задоволи идниот објект од тешката и загадувачка индустрија, пишува порталот.

Целиот текст е достапен за читање на следниот ЛИНК.