Во Скопје саем за високо образование во САД

Во организација на EducationUSA Македонија денеска во Скопје ќе се одржи Саем за високо образование во САД.

Во Скопје саем за високо образование во САД

На саемот студентите ќе имаат можност да се запознаат со активностите и ресурсите во американските катчиња, образовни центри, како и со програмите за образовна размена на Амбасадата на САД во Македонија.

Од претставници од американски универзитети ќе може да добијат точни информации за се што ги интересира во врска со завршување на додипломски и постдипломски студии во САД.

Саемот е дел од универзитетската тура за 2014 година, што се организира во осум европски градови: Лисабон, Мадрид, Валенсија, Љубљана, Загреб, Белград, Сараево и Скопје.