Во Сингапур поставени автомати за книги

BooksActually, локална независна книжарница од Сингапур, постави автомати за книги на прометните локали низ главниот град.

Моментално, две од машините се лоцирани во Националниот музеј на Сингапур и Гостинскиот центар на Сингапур на најпознатата шопинг улица, Орчард. Трета машина ќе биде поставена подоцна во овој месец во Гудманс уметничкиот центар, кој е исто така и штаб на Националниот совет за уметност.

Во секоја од машините има по 150 книги, со фокус на локални издавачи и автори.

Сопственикот на BooksActually, Кени Лек, за Channel News Asia изјавил дека бил инспириран од оригиналниот Penguincubator, автомат за книги на Penguin Books’ во Лондон.

Други земји со автомати за книги се Јапонија, која е позната по џебните книги и манги, и некои земји во Европа, како Шпанија, Германија и Шведска.

Лек вели дека мотивација за машините не е зголемување на продажбата, туку промовирање на сингапурската литература и охрабрување на Сингапурците повторно да читаат.

Извор: Mashable