Во Шведска започна со работа трговски центар, кој е единствен од ваков вид во светот, односно во кој може да се купат поправени или рециклирани производи. Луѓето можат да донираат предмети што тие веќе не ги користат и да купат нови рециклирани предмети.
Новото претпријатие за рециклирање, ReTuna Återbruksgalleria е именувано по шведскиот град во кој се наоѓа зградата, Ескилстуна, Шведска.
Оставените стоки се даваат на различни работилници, каде тие се поправаат или реновираат. Овие производи од втора рака се продаваат во 14 специјализирани продавници кои вклучуваат мебел, компјутери, аудио опрема, облека, играчки, велосипеди, и градинарство и градежни материјали. Исто така, постои и едно кафуле и ресторан кои служат само органска храна. Покрај ова, обезбеден е и простор за конференција и изложба, заедно со специјализирано училиште за изучување на рециклирањето.
Овој центар помогна во зајакнување на локалната економија преку создавање на 50 нови работни места и обезбеди простор за приватни стартапи и локални занаетчии.
Ана Бергстром, менаџерка на центарот за рециклирање ReTuna Galleria рече дека кога купувач доаѓа во центарот да остави работи како облека или мебел, тој исто така може да купи јакна или цвеќиња за градината, или нова светилка за во дневната соба. Таа вели дека откако ќе го напушти центарот, купувачот ќе се чувствува дека направил нешто добро за животната средина.