Во сабота завршува саемот за роботика „Робомак 2013“

Саемот за роботика „РобоМАК 2013“, кој по четврти пат се одржува во Домот на АРМ во Скопје, завршува во сабота (16 декември), со прогласување на победниците и презентација на роботите кои се натпреваруваа во неколку категории.
На саемот учествуваат околу 80 домашни и 30 странски учесници, кои по петдневна обука ги одмеруваат силите на своите роботи.  Целта на „РобоМАК 2013“ е популаризација на роботиката меѓу македонските и европските студенти и средношколци.

Од 12:00 до 15:00 на платото пред Домот на АРМ со свои штандови ќе се претстави и Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии на кои ќе ги претстави своите студиски програми и начините на студирање на факултетот.

Финалето ќе се одржи во сабота во 17:00 часот. Влезот е слободен.