Во сабота се организира акција за чистење на кејот на Вардар

На 2 септември (сабота) од 9 до 11 часот ќе се одвива нова „Акција за чистење на кејот на Вардар“. Акцијата ќе започне кај скопскиот хотел „Парк“ (позади стадионот).

„Секојдневно сме сведоци на валканите површини во нашата околина. Поради тоа, решивме заедно со нашата Greenfinity Фондација да организираме акција за чистење на која ќе учествуваат вработените на Cashback World и нашите членови.  Сакате и Вие да допринесете за околината во која живеете? Тогаш, придружете се на нашата Акција за чистење на кејот на Вардар“, стои во најавата за акцијата.

Според организаторите, се’ што треба заинтересираните да понесат е ентузијазам и добро расположение, а тие ќе обезбедат маици, капи и потребна опрема за работа.

Повеќе инфо за акцијата ТУКА.