Во сабота ќе има протест во Лондон за спас на ноќниот живот

Во сабота во Лондон се организира мирен протест за спас на ноќниот живот. Оние кои сакаат да присуствуваат се повикани да ги земат сосебе музичките инструменти и да дојдат да ја подржат акцијата.

Протестот ќе започне во 13 часот на плоштадот Хокстон во Источен Лондон, а потоа ќе продолжи низ Олд стрит и Хакни Роад, за да заврши во 16 часот на Лондонските полиња. Организаторите ги замолуваат они кои сакаат да бидат дел од протестот да се однесуваат достоинствено, а ќе го предводи здружението МЕОКО.

Во меѓувреме, сопствениците на познатиот клуб Фабрика се подготвуваат за жалба поради одземањето на лиценцата за работа. Со овој протест, музичарите и граѓаните ќе побараат од Владата да направи чекор, со кој ќе го цени и заштити еден од највредните аспекти на лондонската култура.

„Затоа што нашата култура го направи она што сме денес, без неа никој од нас не би бил она што е, без клубови, барови, уметнички галерии, фестивали, концерти, забави“, вели Никол Вентер, организаторка на протестот.