Во Прилеп започна изградбата на Информатички центар за зачувување податоци во услови на катастрофи. Центарот треба да обезбеди бек-ап на податоците за клучните, витални информациски системи во земјава, како и да гарантира нивно функционирање доколку од какви било причини биде загрозена работата на примарниот информатички систем.
Центарот ќе претставува back up (резервна база) за клучните, витални информациски системи во земјава, односно ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини биде загрозена работата на примарниот информатички систем
Проектот е финансиран од ИПА фондовите на Европската унија за 2013 година, за потребите на Министерството за внатрешни работи. Висина на проектот е 3.398.473 евра, најголем дел обезбедени од инвеститорот ЕУ (2.437.000 евра). Ова е дел од обврските на РМ за исполнување на европските стандарди на патот кон ЕУ.