Во Прилеп ќе се вози нова Критична маса: Го чекаме летото #НаТочак

Од споменикот „Александар Македонски“, во Прилеп на 27 јуни од 19 часот ќе започне новата, 49-та велосипедска Критична Маса.

Овој пат темата е „Го чекаме летото #НаТочак“.

Вело-активистите од Прилеп велат дека возењето велосипед покрај рекреација може да биде и доста корисно и ефикасно, најпрво како одлично превозно средство, а второ како одлична фитнес активност.

„Со извршените истражувања дојдено е до заклучок дека поголемиот дел од луѓето по кратко се навикнале даодат се движат со својот велосипед и дека возењето до работното место не им претставувала никаков проблем. Позитивните ефекти се бележат и во најновото објавено истражување во кое е утврдено дека возењето велосипед до работното место е многу корисно и го намалува ризикот од рак како и други тешки заболување“, велат од ПрилепНаТочак.

Од таму потенцираат дека постои јасна поврзаност меѓу активниот начин на живот и намалувањето на ризикот од различни здравствени проблеми.

„Одењето со велосипед на работа е корисно бидејќи со активирањето на телото и умот наутро, односно пред работата го будиме својот организам и на тој начин се подготвуваме за стресниот и напор ден, кој е секојдневие за многумина од нас“, соопштуваат вело-активистите.