Во петок набљудување со телескоп на два ретки астрономски настани

Во петок, 27 јули, Скопското астрономско друштво организира набљудување со телескоп на ноќното небо.

Во текот на истата вечер, ќе се набљудуваат два исклучително ретки астрономски настани: целосно затемнување на Месечината, и опозиција на Марс – Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо.

Набљудувањето ќе биде од Плоштад Македонија со почеток во 20:30 часот.

„Сè што ќе ни биде потребно за да си поминеме убаво, е ведро небо. Ве очекуваме“, стои во најавата.